Македонец повторно доминира во регионалното издание на „Ѕвездите на Гранд“ – има ли шанси за победа при силната и немилосрдна конкуренција?
Младото момче кое беше победник во македонското шоу „М2 – Потрага по ѕвезда“, Филип Божиновски по прекинот на соработката со продукцијата „М2“ си го пронајде својот пат и блесна во регионалното издание на „Ѕвездите на Гранд“.
Имено, овој викенд се емитуваше третата емисија од третиот круг на „Ѕвездите на Гранд“ каде со фантастична изведба на песната „Среќна ли си ти“ од Тоше Проески успеа да го воодушеви жирито и крене публиката на нозе.
На неговиот шарм Зорица не успеа да се воздржи, па прокоментира:
– Миценце, па ти си божествен пејач!
Додека коментарот на Аца Лукас беше дека според него, Филип Божиновски е најдобриот натпреварувач во „Ѕвездите на Гранд“ во последните две години.
https://www.youtube.com/watch?v=v9hRx46-GpY#t=694
Доколку ви се допадна изведбата на Филип, не пропуштајте да го погледнете и слушнете неговиот прв радио концерт кој го одржа на 18-ти март во рамки на емисијата „Мак Концерт“