Африканскиот хороскоп го дава најточното предвидување до сега! Проверете!

popara4 октомври, 20152min00
2

Потеклото на африканската астрологија може да се проследи наназад, почнувајќи од развојот на античката африканска цивилизација. Се верува дека Африканците се најпримитивната цивилизација кај која се појавиле науката за ѕвездите, имињата на планетите и интересот за астрологијата. Читањето на африканскиот хороскоп се состои од толкување на хороскопскиот знак според африканската култура, елементот кој одговара на знакот, среќниот ден, успешните месеци, деловите од телото и најважно, ги открива карактеристиките на личноста.

Татко (4 јануари – 3 февруари)

Среќен ден: четврток
Успешни месеци: јануари и мај
Елемент: воздух
Дрво: баобаб
Боја: зелена

Знакот татко е поврзан со Сонцето и светлината. Тие се стабилни и чесни личности кои живеат во реалноста. Внимателни се. Другите имаат доверба во нив и затоа често им се обраќаат за совет. Имаат чувство за добри бизнис зделки, но притоа често ја забораваат хуманоста. Среќни се, но повеќе се потпираат на нивната издржливост, отколку на нивната среќа. Работат многу напорно. Веруваат во себе и во своите одлуки.

Љубов:Родените во овој знак бараат стабилна врска која постепено расте и се продлабочува. Сакаат сè да прават заедно со својот партнер; од заедничко живеење, до заеднички патувања. Припадниците на овој знак се најчесто јадрото на врската. Му помагаат и го поддржуваат партнерот. Имаат многу пријатели и сите нив подеднакво ги ценат.

Работа:Имаат потреба од висок социјален и професионален статус. Секогаш го добиваат тоа што го сакаат. Треба повеќе да се изразуваат, да водат проекти или тимови. Важно е што луѓето лесно ги препознаваат нивните способности и квалитети.

Здравје: Луѓето родени во овој знак треба да вежбаат за да се ослободат од стресот. Најмногу им одговараат тенис и пливање. Добри за нив се и вежбите кои вклучуваат длабоко дишење, како што се јогата и пилатесот. Потребно е да се ослободат од токсините.

Мајка (4 февруари – 5 март)

Среќен ден: среда
Успешни месеци: февруари и јуни
Елемент: воздух
Дрво: кокос
Боја: сива и сина

Знакот мајка е поврзан со Месечината, со илузијата на ноќта, што им овозможува да ја истражуваат својата потсвест. Тие се личности кои смируваат со својот убав, но истовремено и силен изглед. Даваат многу, забавни се и затоа другите им се восхитуваат на нивната човечност и способноста да слушаат. Но, овие луѓе најчесто не се разбрани од другите, затоа што не е лесно да им се пријде. Припадниците на овој знак повеќе сакаат да ги слушаат другите, отколку да зборуваат за себе.

Љубов: Во љубовта често се предомислуваат и не се секогаш верни. Тие се духовни и индивидуални личности кои бараат партнерот да ги смета за малку понеобични од сите други. Сакаат долги разговори, еротски средби и сè што може да ја направи врската поинтересна. Не се заинтересирани да бидат само со една личност, но постои можност да го најдат вистинскиот партнер и да останат покрај него, сè додека тој им дава простор и не ги задушува во врската.

Работа: Постојано се зафатени и затоа понекогаш треба да застанат малку и да размислат за работите што ги опкружуваат. Потребно им е слободно време, за да може подобро да функционираат. Може да ја сменат работата неколку пати. Можно е дури и да се ориентираат кон друга кариера. Опкружени се со луѓе кои секогаш им даваат добронамерни совети.

Здравје: Родените во овој знак треба да јадат здрава и лесна храна и да му се спротивстават на искушението на слатките. Потребно е да внимаваат на коските и белите дробови. Не го обожаваат спортот, но добро е понекогаш да излезат на свеж воздух.

Семејство (6 март – 4 април)

Среќен ден: вторник
Успешни месеци: март и јули
Елемент: земја
Дрво: палма
Боја: рубин-црвена

Знакот семејство е поврзан со симболот на круг со точка во средината, што означува заедница и солидарност меѓу луѓето што се крвно поврзани или, едноставно, означува блиски пријатели. Родените во овој знак се топли и внимателни луѓе кои понекогаш се забораваат затоа што повеќе се загрижени како да ги задоволат другите. Често се дел од добротворни и хуманитарни акции што им помага на припадниците на овој знак да избегаат од секојдневието.

Љубов: Пријателите, семејството и децата се најважни за родените во овој знак. За да бидат среќни, треба да се опкружени со оние кои ги сакаат. Партнерот треба да го прифати нивниот начин на живеење. Знаат како да шармираат и да заведат некого, но најчесто успеваат кога не се ни обидуваат да го направат тоа. Овие луѓе никогаш не се здодевни затоа што за нив постојано има нешто ново да се открива.

Работа: Најмногу им одговара да работат во образованието. Сакаат да го споделуваат знаењето со другите. Чувствителни се и знаат да ги слушаат другите. Она што ќе го слушнат од другите, знаат да го преобразат во некој вид уметност. Богатството од емоции им помага да го развијат нивниот потенцијал за креативност.

Здравје: Сакаат јога, таи чи и боречки вештини. Себеси си обезбедуваат добар тренинг и ја следат виталната енергија. Треба да се опуштат и да се грижат за себе, дозволувајќи си масажи со етерични масла или да поминуваат повеќе време во тишина.

Син (5 април – 4 мај)

Среќен ден: сабота
Успешни месеци: април и август
Елемент: земја
Дрво: багрем
Боја: зелена

Знакот син е поврзан со вертикална стрела што го означува барањето на сопствениот пат. Тоа може да е патот што го покажува припадник на знакот татко. Родените во знакот син се луѓе на кои другите може секогаш да сметаат. Тие се верни и ги одржуваат ветувањата. Секогаш се околу тие што ги сакаат. Организирани и енергични, целосно им се посветуваат на работите, понекогаш и на сметка на сопственото здравје. Треба повеќе да се опкружени со мудри и смирени луѓе и да ги слушаат нивните совети. Другите ги сакаат и сакаат да бидат во нивно друштво, но родените во овој знак ќе мора да научат да им велат „не“ на другите, за да не се чувствуваат исцрпени без некоја посебна причина.

Љубов: Припадниците на овој знак бараат вистинска љубов. Сакаат силни, страсни врски и партнер за кој ќе чувствуваат дека е љубовта на нивниот живот. Но понекогаш токму овие барања можат да бидат причина за разделба. Другите можат да мислат дека родените во овој знак се пребирливи. Тие го привлекуваат партнерот со нивното чувство за посветеност и фантазија. Либерални се и за љубовта ќе направат сè. Една од најважните работи за нив се врските.

Работа: Постојано се во потрага по предизвици. Ги сакаат песната, музиката и убавиот збор. Често ги менуваат работните места и не се чувствуваат најдобро во однос на нивните надредени. Најсреќни се кога ќе се здружат со колега за да работат заедно на проект, на кој ќе му бидат целосно посветени.

Здравје: Сакаат секаков вид спортување; велосипедизам, пешачење, планинарење, па дури и активни патувања. Иако се доста активни, не треба да го занемаруваат потребниот сон. Барем еднаш во годината треба да го искористат одморот, така што нема да прават апсолутно ништо.

Ќерка (5 мај – 4 јуни)

Среќен ден: недела
Успешни месеци: мај и септември
Елемент: оган
Дрво: гуава
Боја: кафеава

Знакот ќерка се поврзува со симболот на ѕвездата со пет крака. Тие се дарежливи и оптимисти, но секогаш се грижат за непотребни работи. Тоа не води никаде и понекогаш им го уништува животот. Потребно е да ја гледаат светлата страна на работите и да научат да им веруваат на другите. Нивната најголема предност е нивниот светол, весел дух. Животната радост и грижливиот инстинкт ги заштитуваат и им обезбедуваат многу добри пријатели.

Љубов: Ги сакаат силната страст и љубовните изјави. Тоа за нив е сè или ништо; еден момент си заминуваат, а веќе следниот момент се назад во прегратките на партнерот. Имаат идеал за тоа каква треба да биде љубовта и така кршат многу срца, иако по природа не се такви. Неодоливи се затоа што секогаш го слушаат сопственото срце. Потребна е силна страст, нови големи возбудувања и мотивација за да ја одржите врската со партнерот роден во овој знак.

Работа: На работа, пријателите се тие што им даваат идеи и им помагаат на родените во овој знак. Креативни се и ентузијастички настроени, но им недостасува издржливост. Најдобро се снаоѓаат во графиката, комуникацијата и односите со јавноста. Нивниот талент доаѓа до израз кога работат под притисок.

Здравје: Најмногу им одговараат тимските спортови. Треба да внимаваат на истегнувања на мускулите и на циркулацијата. Рибата и морската храна се добри за нивната кожа и нерви.

Чичко (5 јуни – 4 јули)

Среќен ден: понеделник
Успешни месеци: јуни и октомври
Елемент: вода
Дрво: тропски кактус
Боја: жолта

Знакот чичко се поврзува со симболот на квадратот кој во центарот има камен насочен нагоре. Овој знак ги симболизира силата и авторитетот кои најдобро функционираат кога и другите ќе ги признаат овие нивни карактеристики. За жал, убедувањето на родените во овој знак не им е јака страна. Нивниот авторитет понекогаш е толку голем што другите за нив мислат дека се напорни. Нивните најдобри особини се тоа што имаат смисла за хумор и често знаат да се пошегуваат на сопствена сметка. Припадниците на овој знак се родени лидери. Потребно е да бидат потолерантни и да сфатат дека другите не размислуваат и не дејствуваат исто како нив.

Љубов: Во љубовта имаат постојани подеми и падови. Знаат да бидат некомпромисни и затоа тешко го наоѓаат вистинскиот партнер. Но, кога ќе одлучат да започнат врска, тоа обично е на долг временски период. Постојано се опкружени со луѓе кои им се восхитуваат. Најважно е да не се обидуваат да го сменат партнерот, туку да го прифатат таков каков што е.

Работа: Кога станува збор за работните обврски, припадниците на овој знак се чувствуваат одговорни за сите и за сè што се случува, па затоа и често се караат со колегите. Треба да научат да бидат посебични и посамостојни во работењето. Енергијата треба да ја насочат кон личните предизвици и кариерата, наместо да се обидуваат да ги импресионираат другите.

Здравје: Енергијата никогаш не им недостасува на родените во овој знак. Затоа треба да се занимаваат со спортови кои ќе им помогнат да го потрошат вишокот енергија, како што се трчањето, возењето ролери, сурфањето и тенисот.

Вештерка (5 јули – 4 август)

Среќен ден: вторник
Успешни месеци: јули и ноември
Елемент: оган
Дрво: африкански кедар
Боја: портокалова

Знакот вештерка не означува ништо страшно, ниту опасно. Овој знак всушност се поврзува со рамностран триаголник, што ги симболизира авторитетот и восхитот. Тоа се ведри и определени личности. Добро се познаваат себеси, сопствената сила и граници. Дарежливи се, но и нетрпеливи. Не го трошат времето жалејќи за минатото. Имаат многу силна интуиција. Работите ги предвидуваат пред да се случат и многу лесно можат да ги прочитаат другите луѓе. Нивната мистериозност ги фасцинира другите.

Љубов: Сакаат да го привлекуваат туѓото внимание и тоа го прават сосема природно, без ни малку напор. Често ги менуваат пријателите. Со партнерот развиваат силна и интензивна врска, базирана на необично партнерство и физичка интимност. Склони се кон љубов на прв поглед. Често знаат да го напуштат партнерот заради некој друг, за потоа повторно да ѝ се вратат на претходната личност.

Работа: Амбициозни и интиутивни, родените во овој знак успешно се снаоѓаат во секоја работа. Среќни се кога работат во помали компании, на проекти што ги мотивираат. Се стремат кон разбирање со шефот и затоа повеќе им одговара индивидуална работа.

Здравје: Иако припадниците на овој знак се едноставни и прекрасни, сепак треба да вежбаат за да останат во форма, па дури и да се работи за обично пешачење. Од спортовите најмногу им одговара пливањето.

Лав (5 август – 3 септември)

Среќен ден: среда
Успешни месеци: август и декември
Елемент: земја
Дрво: кола
Боја: црна

Знакот лав, како што кажува неговото име, се поврзува со млад, енергичен лав што означува среќна личност која го сака животот. Сите го сакаат нивниот позитивен начин на размислување и способноста да го заборават она што ги повредило. Родените во овој знак се живи, нестабилни, сонуваат со отворени очи и не секогаш другите можат да им угодат. Имаат вродено шесто сетило и силно развиен инстинкт. Не ја сакаат рутината и често го менуваат работното место, домот или партнерот. Ја извршуваат секоја задача, но штом постигнат нешто, тoа брзо им здосадува и бараат нов предизвик.

Љубов: Нивниот љубовен живот е полн со промени. Ненадејни далечни патувања, изјави на вистинска љубов и жестоки расправии се дел од нивните врски. Но и покрај тоа, припадниците на овој знак гледаат објективно на нивниот однос со партнерот. Кај нив, кога е љубовта во прашање, нивниот разум го победува срцето и така успешно ги надминуваат сите пресврти.

Работа: Овие луѓе брзо се заморуваат од работата. Често го менуваат работното место. Треба повеќе да ѝ веруваат на сопствената интуиција. Родените во овој знак не се плашат да преземаат ризици. Најмногу им одговара професија која ќе ја поттикне нивната креативност.

Здравје: Сакаат секаков вид физичка активност, па дури и едноставно спортување на плажа. Но, често не ги изведуваат вежбите правилно. Потребно е да знаат како да го добијат најдоброто од секоја вежба.

Антилопа (4 септември – 3 октомври)

Среќен ден: четврток
Успешни месеци: септември и јануари
Елемент: воздух
Дрво: савана-грмушка
Боја: бледа розова

Знакот антилопа се поврзува со извонредна мешавина од стабилност и дебаланс. Тоа е двоен знак со две посебни страни; страв и надеж, поаѓање и враќање. Антилопите се наоѓаат во два различни света. Едниот е широката савана каде што се слободни, а другиот свет се грмушките каде што тие се кријат. Родените во овој знак се страсни, сакани сè од сите други, имаат точни барања и донесуваат цврсти одлуки. Сè што ќе посакаат, го сакаат веднаш. Треба да научат како да размислуваат посмирено и да ги прифатат другите.

Љубов: Повеќе сакаат да имаат неколку навистина блиски пријатели, отколку многу познаници. Истото важи и за нивните партнери. Сакаат силни и интензивни врски. Потребно им е многу време за да ја најдат личноста за која сонуваат, која ќе ги разбере, ќе ги прифати и ќе им ја даде потребната слобода. Партнерот треба да ја почитува нивната мистериозна страна. Пријателите, родителите и семејството им се многу важни затоа што ги потсетуваат на нивното потекло.

Работа: Често се случува да работат под притисок и да бидат ограничени во работењето. Креативната работа или хоби го разубавува нивното секојдневие. Најдобро се снаоѓаат со финансии и работа на берзата.

Здравје: Припадниците на овој знак страдаат наизменично од тежок замор, па од премногу енергија. Потребно е повеќе да спијат и да имаат соодветен појадок за да бидат постојано снабдени со енергија и да немаат променливо расположение.

Мудрец (4 октомври – 3 ноември)

Среќен ден: петок
Успешни месеци: октомври и февруари
Елемент: вода
Дрво: ариш
Боја: бела

Знакот мудрец го симболизира слонот и ја означува мудроста на предците во Африка. Тие се топли и внимателни луѓе. Емотивни се, но сепак размислуваат пред да дејствуваат. Родените во овој знак се совршена слика за комплексноста и дволичноста. Еден ден се идеални поети, а другиот ден – манипулативни генијалци. Нивното расположение се менува, како што се менува времето. Самите себе најдобро си се разбираат. Нивната најголема предност е тоа што лесно се приспособуваат. Тие инстинктивно знаат дали другите имаат позитивно влијание врз нив.

Љубов: Тие се среќни само кога се заљубени. Така се чувствуваат ценети. Иако се зафатени со различни нешта, не треба да забораваат дека сепак некој ги чека дома. Понекогаш не се верни ниту на самите себе. Нежни се и романтични и ги сакаат патувањата.

Работа: Овие личности ја имаат сета креативност, имагинација, интуиција, писателски и сликарски вештини кои им се потребни за да ја изразат нивната убавина. Во тоа е нивната сила, освен ако не најдат работа која ја поттикнува нивната креативност на друг начин, како што е работењето со деца.

Здравје: Имаат неограничена енергија и затоа секогаш трчаат, се качуваат или скокаат наоколу. Тоа е добро за нивното здравје, но треба повеќе да го слушаат сопствениот организам. Потребно е повеќе да спијат.

Тетка (4 ноември – 3 декември)

Среќен ден: сабота
Успешни месеци: ноември и март
Елемент: оган
Дрво: еукалиптус
Боја: беж

Знакот тетка е поврзан со дрвено стапче што го означува природниот авторитет во Африка. Родените во овој знак се дарежливи, простодушни и посветени. Шират позитивна, смирувачка енергија и така ги привлекуваат другите. Среќни и интуитивни, овие луѓе постојано се подобруваат материјално и духовно. Го гледаат доброто кај другите и затоа лесно се поврзуваат со нив. Не треба да бидат толку наивни. Уживаат во животот, знаат што е добро за нив и обожаваат да ги разгалуваат тие што ги сакаат.

Љубов: Често самите се прашуваат каква врска посакуваат, стабилна љубов или страсни искри? Не можејќи да одлучат, најчесто балансираат помеѓу двете опции, но само ако се сигурни дека нема никого да повредат, затоа што припадниците на овој знак се одговорни луѓе. Потребен им е секс и многу љубов и внимание, тоа ги прави среќни.

Работа: Не се сигурни каква работа бараат и постојано се во чекор со настаните. Луѓето што ги запознаваат им помагаат да успеат во кариерата. Нивната можност за брзо и лесно приспособување им помага да се адаптираат на секоја непредвидена ситуација. Само така можат да напредуваат.

Здравје: Во одлична здравствена состојба се. Треба често да ги менуваат спортските активности за да не им здодеат брзо. Најмногу им одговараат сезонски спортови на отворено.

Изобилство (4 декември – 3 јануари)

Среќен ден: вторник
Успешни месеци: декември и април
Елемент: вода
Дрво: гинко билоба
Боја: златна

Знакот изобилство се поврзува со водопадот што означува голема способност, богатство и изобилство во секој сегмент од животот. Родените во овој знак се среќни и лесно минуваат низ животот, но не мислат за другите. Сакани сè од другите, но треба да ја заслужат нивната љубов, посветувајќи им повеќе време. Чувствуваат како да има премногу луѓе во нивниот круг и не секогаш тие се вистинските. Треба да одберат со кого ќе се дружат. Повеќе треба да ѝ веруваат на сопствената интуиција.

Љубов: Не можат да одлучат што точно бараат во љубовта. Ако се решат за еден партнер, тогаш тоа мора да биде според нивните услови. Не смеат да заглават во рутината или да бидат на некој начин ограничени. Сакаат луксуз и неочекувани изненадувања. Партнерот ќе мора да се бори за да ги задржи.

Работа: Во работата секогаш може да сметаат на нивната среќа. Треба да ги подобрат сопствените вештини и да се здобијат со поголемо искуство. Не треба да ги мешаат љубовта и работата. Сè што треба да направат е да си ја вршат својата работа, а не да ги прават другите среќни.

Здравје: Потребни им се почести одмори за да можат да продолжат со работата. Најдобро се снаоѓаат во индивидуалните спортови кои им помагаат да се сконцентрираат, како што се голф или јавање коњи. Мора повеќе да се грижат за себе.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag