Ако мислите дека вашето куче умрело, се лажете. Тоа само заспало во вашето срце!

popara27 април, 20151min00
14

Губењето на миленикот е страшно и болно искуство. Тој бил вашиот пријател, најмил и најверен, вашиот сопатник, ваш член од семејството. И просто не знаете што понатаму…

Утехата конечно ќе можете да ја пронајдете во оваа приказна. Во неа ќе се препознае секој, ама буквално секој кој некогаш сакал едно симпатично, добродушно суштество на 4 ноџиња.

Ова е една приказна на блогерот Ернест која ќе ја паметите цел живот:

„Го напишав ова пред неколку години како спомен за Бол, црно-белиот питбул кој секојдневно го шетав, сè додека еден ден не умре. Еден ден тој направи само 15 чекори и ме погледна со очите од кои му прочитав: Не можам понатаму. Зарем не мислиш дека моето време за шетање заврши?

Кучињата никогаш не умираат. Тие не знаат како. Тие едноставно стануваат многу стари и изморени и ужасно ги болат коските. Но, никогаш не умираат. Да умираат, тие никогаш не би сакале да одат на прошетка. Спротивно на тоа, секое куче сака да шета, дури и кога неговите стари и за’рѓани коски вриштат да не го прави тоа.

Не е ниту тоа дека престануваат да го сакаат вашето друштво. Тоа е она што нивниот свет го прави совршен. А во совршениот свет нема место за смрт.

Меѓутоа, кучињата стануваат поспани. Во тоа е работата. А тоа нема да ви го кажат на училиште. Знаат толку многу работи да напоменат, но никогаш нема да ви кажат дека кучињата не умираат. И тоа е срамота, навистина.

Ако мислите дека вашето куче умрело, се лажете. Тоа само заспало во вашето срце. И понатаму постојано лудо мафта со опашката и затоа градите ве болат и плачете постојано. Кој може да не заплаче кога во срцето му живее весело куче кое непрестајно го врти опашот?

Тоа постојано вели: Фала ти! Фала на ова топло место за вечно спиење!

Откако прв пат ќе заспијат, тие често се будат и нередовно спијат. Секако, затоа од време на време чувствувате болка до солзи.

По извесно време тие спијат сè подолго. Потоа ретко, но се случува, ќе се разбудат и повторно ќе се размрдаат со опашот. Тогаш повторно боли. Силно.

После неколку години тие спијат во долги, долги интервали и ве боли сè поретко.

Но, немојте да се лажете. Кучињата никогаш не се мртви. Тоа не постои. Запомнете, тие само спијат во вашето срце и се будат понекогаш, обично кога тоа не го очекувате. Такви се и затоа ги сакате.

Жал ми е за луѓето кои немаат кучиња кои им спијат во срцата. Толку многу пропуштаат…

А, сега извинете, морам да одам да се исплачам. Кучето во моето срце штотуку се разбуди…“

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag