Ако некој вистински те сака, не бара од тебе да се менуваш

popara18 јули, 20151min00
1

Сите љубовни приказни завршуваат со среќен крај. На вниманието на наивните: Бракот не е тоа. Бракот е нов пат и предизвик. Бракот не е крај на реалната љубовна историја. Токму обратно, од овде се почнува. Освен едно – крај на илузијата за совршен живот без проблеми.

Сите ние сме навикнале со идеата за страсната љубов како идеал за една врска. Кога сме вљубени стануваме слепи и си создаваме сопствена претстава за другиот – таков каков ние сакаме да биде. Тој или таа реално никогаш не одговараат на тие наши претходно изградени претстави.

Да љубиме но со отворени очи…Идеата е да бидеш себе си дури и кога си во заедница со некого. Не треба постојано да се обидуваме да го задоволуваме партнерот, зошто тој би требало да биде среќен со нас такви какви што сме, без промени. Тоа е клучот кон успешна врска – да не се правиме дека сме некој друг. Многу често во овие релации сме навикнале да се договараме за чувствата и да водиме преговори, како да сме на деловен состанок, а тоа уништува се. Со текот на времето страста исчезнува и после тоа или ја наоѓаме вистинската љубов или врската се распаѓа независно од децата или социалниот статус.

За да имаш вистинска љубов , за да ја покажеш на дело, за тоа е неопходно време, за да се реализира. Љубовта, а не вљубувањето е вистинското чувство – тоа значи дека ти за мене си важен како личност, сакам да се грижам за тебе, сакам да се чувствуваш добро, сакам и да си слободен. Тоа е вистинската љубов. Вистинската љубов не е ништо друго освен неизбежната желба да помогнеме на другиот да биде тоа што е.

Љубовта и слободата врват рака за рака. Не е возможно да сакаме некој кој се чувствува заробен од врската. Апсолутно непотребно е да налагаме забрани на партнерот, зошто тој секогаш може да отиде кај некој друг. Работите се елементарни – ако го направи тоа, тој едноставно не е вистинскиот човек. Целта е да ја има целата слобода на светот и покрај тоа да избере да биде со нас.  Човекот што вистински љуби неможе да те повреди со неверство. Човекот што вистински љуби не може да плукне и да згазне на заветот што го дал пред Бога, пред тебе, пред себе. Наместо да поставувате забрани, кажете „Збогум“. Човекот штом еднаш ја изневерил вашата љубов, никогаш вистински не ве сакал, не ве заслужува и ќе ве повреди повторно.  На љубовта кажете и кога, како и каде да љуби и нема веќе да биде љубов.

Најлошото мисловно наследство што родителите го пренесуваат и всадуваат во детскиот ум е дека треба во животот да си ја најдат својата идеална половина. Зошто да не се обидеме да најдеме друг цел човек, наместо да се задоволиме со таков што е поделен на пола. Љубовта за која зборуваме ние се гради од цели суштества, кои се среќаваат, а не од половинки кои имаат потреба една од друга, за да се чувствуваат исполнети. Кога имам потреба од другиот за да постојам, врската преминува во зависност, а кога сме зависни, не можеме да избираме. А без избор нема слобода. А без слобода нема вистинска љубов. А без вистинска љубов, може да има брачни заедници, но не љубовен пар.

И уште неколку мудри фрази кажани од мудри луѓе на тема љубов:

Ако една обична жена и еден обичен маж се сметаат еден друг за необични, тогаш тоа е љубов!

Ако првата љубов е и последна, тоа е или голема среќа, или голема несреќа. Среќа за оние што ја зачувале, несреќа за тие што ја изгубиле!

Ако ти верувуваат и покрај тоа што не те разбираат, значи те сакаат!

Во љубовта и прогнозата за времето нема лаги, само грешки!

Во љубовта, како и во се друго во животот, љубовта е лекар што доаѓа после оздравувањето!

Во љубовта нема никаков грев. Љубовта е од Бога. Секоја љубов што го подига човекот, доаѓа од Бога!

Само миг од среќно вљубениот човек вреди повеќе од целата вечност досаден и обичен живот.

Дури и најсилните паѓаат на колена кога љубовта ќе ги пресретне!

Жена што на десет страници објаснува зошто не те сака, таа е лудо вљубена.

Кавгите меѓу оние кои се сакаат, не траат долго!

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma