Ако партнерот ги прави овие работи, бидете сигурни дека е луд по вас!

popara29 март, 20151min00
1

Понекогаш сите сакаме да имаме моќ и да ги читаме мислите на мажите или да знаеме што им се мота на мажите во главата. Но ако сте на почеток на една врска ни останува само да ги декодираме неговите чекори и однесување.

Ова се десетте знаци кои ќе ви откријат дека тој е луд по вас:

  1. Постојано ви се смешка – а тоа не го прави само кога се обидува да добие нешто од вас.
  2. Води долги долги разговори со вас – припадниците на посилниот пол обично не се брбливци, но се додека не ја најдат онаа со кого ќе можат да разговараат за се и сешто.
  3. Ви се умилкува и ве размазува – мажот кој не ја сака девојката, никогаш со неа нема да се мази, да и се умилкува и размазува.
  4. Вистински го интересира се за вас –сака да знае се за вас, што сакате, што несакте, омилено јадење, боја, што ве смее итн..
  5. Ништо не му е тешко да направи за вас – се ќе направи за вас само вие да бидете среќни.
  6. Се што вие не сакате кај вас, тој го обожува – сите маани кои вам ви сметаат кај вас, него му се слатки и ве сака онакви какви што сте.
  7. Хемијата меѓу вас е извонредна – вие сте на иста бранова должина, а кога сте заедно искри летаат насекаде.
  8. Сака да го поминува поголемиот дел од времето со вас – без оглед на тоа што правите сака само да сте заедно.
  9. Подготвен е за компромиси – се разбира некогаш сите имаме свои желби и потреби, но наеднаш тој е подготвен да се откаже од некои работи кои порано му значеле.
  10. Планира иднина – а вие сте вклучени во сите негови планови.