Како да ја уредите новогодишната и божиќна декорација со цел да привлечете позитивна енергија во домот? Фенг шуи советува како да ја вратите хармонијата и богатството во домот.
Украсете го својот дом со бои како би ја засилиле енергијата за празниците. Одлично би било, доколку сакате свеќи, да ги запалите во својот дом бидејќи тие придонесуваат за подобра енергија.
Ставете ја својата елка на најповолно место.
Ако ја ставите на исток, тогаш ќе се подобрат односите во семејството и вашето здтавје, ако ја ставите на југоисток, тогаш ќе привлечете богатство, а елката поставена на југ допринесува за развој на вашата репутација.
Користете мирисливи масла за вашиот дом да мириса убаво, а и да ве опушти. Така ќе уживате во здрава и опуштена атмосфера во домот. Се препорачуваат мириси од портокал, ломон, цимет.
Додајте билки во вашиот дом, за да го развеселите. Билките водно го прочистуваат воздухот и придонесуваат за поздрава атмосфера.