Ако вистински сакаш, не дозволуваш да си замине…

popara18 јули, 20151min00
5

Се чувствувам како бунар, преполн со разни чувства. Сите успеси и неуспеси наеднаш ме зграбија. Помислувам на сите пропуштени прилики и оние намерно пропуштени прилики…

Сите за последен пат пуштаат искра, како огниште кое штотуку се гасне. Штотуку се гасне пламенче, кое можеше да биде голем оган, да жареше и палеше сѐ што ќе му се најдеше на патот. Само малку да можеше да биде потпален, ете толку малку му недостига на ова пламенче кое се бори да опстане. Но, не е.

Тоа скоро догорено пламенче е знак дека некој друг оган ќе дојде на негово место. А тој друг пламен што допрва ќе дојде, веќе е разгорен и ништо не може да му застане на патот.

Така е и со пропуштените прилики. Вие пропуштате една, но друг ја зграпчува приликата и цврсто за неа се држи.

Ако нешто силно го сакаш, не го пушташ. Или цврсто ја држиш таа прилика или пак, можеш само да замолчиш, почекаш и попуштиш…изборот е твој.

Тука е разликата меѓу луѓето кои бргу реагираат и оние кои чекаат…

Овие првиве, ех, тие се луѓе со цел и луѓе кои не само што знаат што сакаат туку знаат како да го добијат и задржат она што го посакуваат од животот.

Сѐ додека чекаме времето да ги реши сите работи, само повеќе се комплицираме и додека ние трпеливо чекаме, таму некој друг ги зграпчува нашите прилики и го живее нашиот сон.

Затоа, ако ви дојде прилика која ви е важна, не чекајте. Не дозволувајте вашата пропуштена прилика, некому да биде идеална добиена прилика.

Ако знаете што сакате, тогаш одете кон тоа и не дозволувајте тоа пламенче да згасне, туку разгорете го.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma