
Познатата италијанска актерка Заина Дриди се појави на црвениот тепих на премиерата на филмот “Carol“ во модна комбинација која и направила мал проблем.

Имено, актерката на филмскиот фестивал во Рим прошетала на црвениот тепих во сина тоалета која открила повеќе отколку што треба.
Како Заина се вртела и позирала пред фотографите, така нејзината тоалета “се веела” на сите страни. Лесниот материјал се изместил во пределот на препоните, па присутните имале можност да ги видат гаќичките на актерката.






