AMG PICK-UP: Што мислите за ваков Mercedes!?

popara27 март, 20151min00
9

Иако е сè уште во доменот на фантастиката, сигурни сме дека pick-up верзијата на Mercedes CLA во AMG пакетот на опрема би била и тоа како интересна, особено во Америка и Австралија!

Компанијата Mercedes-Benz и нејзините ограноци AMG и Maybach, денес во својата гама имаат веројатно многу повеќе модели од било кога порано, со јасна тенденција за зголемување и проширување на својот бренд, како би задоволиле колку што е можно поголем број на купувачи. Покрај спортските, тука се и кабриолет моделите, деловните лимузини, па и семејните автомобили, меѓутоа до сега сè уште не постои таканаречен утилитарно-спортски модел во својата гама.

Под “утилитарен”, овој пат мислиме на нешто поекстремни верзии, какви што можат да се сретнат на патиштата ширум Америка, или да речеме, Австралија.

За Европјаните, вакво нешто веројатно звучи и бесмислено, но не треба да заборавиме дека на тлото во споменатите држави токму голем процент на продадени возила се всушност pick-up модели, и тоа во спортски или екстремни off-road изданија.

Всушност, секако се сеќавате и вие на легендарниот американски Chevrolet El Camino SS или австралијскиот Holden Ute, базиран на моделот Monaro, а сега и Commodore!?

 

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag