Ако и вие како многу други мислите дека Анџелина Џоли е една од најубавите жени на светот, тогаш ќе се израдувате кога ќе ви кажеме дека холивудската актерка има двојничка во Шведска. Всушност, не баш двојничка. За манекенката Дани Карлсон многумина тврдат дека е дури подобра верзија од Анџелина.
Дани била родена и пораснала во Мајами. Многу рано почнала да се занимава со манекенство, а најголемиот успех го остварила во 2010 година. Дани победила на изборот за мис на Шведска во 2010 година, а потоа истата година ја претставувала својата земја на избор за Мис на светот.
Нејзината кариера после тоа почнала да оди нагоре, а успеала дури и да влезе на листата „Top 20 of the Miss World Top Model“. Поранешната Мис на Шведска се појавила во многу реклами и неколку видео спотови.
Дани според физичкиот изглед многу потсетува на холивудската актерка Анџелина Џоли. Толку многу што многумина тврдат дека Дани е всушност подобра верзија на Анџелина. Дани не пропушта да ја нагласи сличноста измеѓу себе и славната актерка, па на нејзиниот профил на Инстаграм може да се најдат многу фотографии на кои позира како Анџелина.
Во слободно време, Дани пишува блог и се грижи за своите домашни миленичиња. Прекрасната манекенка за себе вели дека е вегетаријанец и дека се бори за правата на животните.