Холивудската ѕвезда Анџелина Џоли во интервју за „Дејли Телеграф“, отворено признала дека ужива во зрелите години. 40-годишната добитничка на Оскар ги споделила своите ставови за стареењето и менопаузата.
„Јас сакам што сум во менопауза – изјавила актерката.
Во 2013 година, Џоли се подложи на превентивна мастектомија, а во март оваа година и беа отстранети јајниците и матката. Таа имала генетска предиспозиција да заболи од рак на дојка, а во почетокот на 2015 година, лекарите и детектирале потенцијално ран стадиум на рак на јајниците.
„Се помина добро, имав среќа. Се чувствувам постаро и се смирив – признава сопругата на Бред Пит.
Анџелина имала свое филмско деби на седумгодишна возраст, а нејзинот растење во една од најдобрите актерки на денешницата се одигрувало под будното око на јавноста. Благословена со неверојатна убавина, младата Енџи била мета на таблоидите и папараците, кои го следат секој нејзин чекор.
Минатата година, својата љубов со американскиот актер Бред Пит ја круниса со брак. Двојката има шест деца, три биолошки и три посвоени.
„Среќна сум што конечно созреав. Не сакам повеќе да бидам млада – истакнала Џоли.