Американците, во принцип, се љубители на теории на заговор, но властите навистина подготвиле авион кој треба да го спаси претседателот на САД на судниот ден.
Адаптираниот боинг E-4B, познат како Doomsday plane, потсетува на познатиот претседателски авион Air Force One, но наводно може да преживее нуклеарна војна! И не само тоа: би издржал во случај на удар на астероид и терористички напади, а би можел да лета со денови. Единствено ограничување е што масло за моторот мора да се стави на земја, па во воздух може да остане „само“ седум дена.
Откако Џорџ Буш летал со овој боинг 747 после терористичките напади на Америка на 11. септември 2001, леталото доживеало бројни измени. Вграден му е посебен оклоп кој ја штити внатрешноста од радиоактивно зрачење, а опремата за комуникација е сместена во посебна кбина. Авионот има 67 антени и многу високотехнолошки уреди.
Авионот има три нивоа и може да прими 112 луѓе.
Иако американската Влада избегнува да зборува за овој авион, на 13-годишнината од терористичкиот напад врз „Кулите близначки“, поранешниот секретар за медиуми на претседателот Џорџ Буш на Твитер напиша „Еве како изгледа авионот за судниот ден. Беше језиво да се види посебно на денешен ден“.