Една од најпознатите светски претскажувачки, познатата Ванѓа кажала многу пророштва од кои голем број се оствариле уште додека таа била жива. Помеѓу другото, дамнешната 1979 година жителката на селото Петрич кажа дека „ сè ќе се стопи, како што се топи мразот, но само едно нешто ќе остане недопрено – славата на Владимир, славата на Русија. Тој се трга од својот пат и не само што ќе се сочува, туку и ќе стане господар на Светот“… Но и дека Русија повторно ќе стане империја!
Ванѓа тоа го претскажа во времето на СССР, кога зборот Русија ретко кој го кажувал наглас. Останува загатка на кој точно Владимир таа мислела. Толкувачите на нејзините претскажувања „типуваат“ на тројца: средновековен кнез на Русија Владимир Долгоруков, Владимир Илич Лењин и на Владимир Путин.
А Путин, според нивните пресметки е токму „осмиот“ Владимир во руската историја…
А еве што нè очекува во иднина според нејзините претскажувања:
2016-Европа ќе биде речиси ненаселена. Земјите во развој ќе се претворат од експлоатирани во експлоататори
2018-Нова сила, светска држава, ќе стане Кина. Земјите во развој се претвораат од експлоатирани во експлоататори.
2023 – Се менува орбитата на Земјата
2025-Европа е слабо населена
2028 –Ќе се најде нов извор на енергија. Поаѓање на летало со човечка посада кон Венера.
2033 –Мразот на земјените полови се топи. Со Европа владеат муслиманите
2046 – „Се одгледуваат“ сите органи на човечко тело, а замена на заболените станува најдобра метода на лекување
2066- За време на нападот на муслиманскиот Рим, САД за првпат ќе примени ново климатско оружје – нагло заладување
2084-Природата полека оздравува
2088-Се појавуваат нови болести – стареење за неколку секунди
2097-Брзото стареење е победено
2100- Вештачко Сонце почнува да ја осветлува темната страна на Земјата
2111-Луѓето стануваат киборзи –живи роботи
2013-Малите држави војуваат меѓу себе
2125 –Во Унгарија се фатени сигнали од вселената, сите ќе се сетат на Ванѓа
2130-Колонији на луѓе под водата – со помош на совети од вонземјани
2164 –Научниците ги претвораат животните во полу – луѓе
2167 – Се појавуваат нови религии
2170-Планетарна суша
2183-Колонијата на луѓето на Марс станува нуклеарна сила и бара независност од Земјата
2187 – Научниците успеваат да ги спречат ерупциите на двата најголеми вулкани на Земјата
2195 – Колониите под морето во целост стануваат независни – обезбедени се со храна и енергија
2196 – Европејците и Азијатите, по целосно мешање, стануваат еден народ
2201 – На Сонцето постепено слабеат термо – нуклеарните реакции, ѕвездата се лади
2221 –Луѓето се во барање за вонземјански живот стапува со контакт со незамисливи ужаси
2256 –Вселенски брод, по враќањето на Земјата, и донесе на планетата, нова страшна болест
2262 – Постепено се менуваат орбитите на планетите на Сончевиот систем. На Марс му се заканува нова комета.
2271 – Научниците конечно ги пресметуваат новосоздадените физички константи
2273 –Со мешањето на жолтата, бела и црната се создава целосно нова раса
2279 – Научниците добиваат енергија од ништо: веројатно од вакум или црни дупки
2288-Патување низ времето и нови контакти со вонземјани
2291 –Сонцето се лади. Обиди тоа повторно да се „запали“
3805-Војна помеѓу луѓето за ресурсите. Загинува речиси половина од населението.
3815- Војната е завршена
3854 – Развој на цивилизацијата практично е застанат. Луѓето живеат во глутници како животни.
3871 –Се појавува нов Пророк кој на луѓето им раскажува за моралните вредности, религијата
3874- Пророкот ја добива поддршката од сите преживеани. Се создава нова Црква.
3878-Вонземјаните заедно со новата Црква ги обучуваат Земјаните на заборавените науки и умешности
4302 –Се појавуваат нови градови на планетата. Раководството на Црквата го поттикнува развојот на науката и на технологијата. Научниците ги откриваат општите механизми на влијанието на сите болести во организмот
4304-Победени се сите болести
4308 – Последиците на мутација: луѓето користат 34 % на својот мозок. Целосно исчезнуваат злото и омразата.
4509 –Човекот конечно го запознава Господ. Луѓето достигнуваат толкав степен на развој што можат да комуницираат со Господ.
4599-Луѓето стануваат бесмртни
4674 – Цивилизацијата го достигнува врвот. На Земјата и другите планети живеат 340 милијарди луѓе. Почнува мешањето на луѓето со вонземјаните
5076 – Откриени се границите на Вселената. Никој не знае што е – зад него
5078 –Луѓето решаваат да ги поминат границите на Вселената. Се противат околу 40 % припадници на расата
Ванѓа тука застанала. Само кусо навести дека веќе следната, 5079 настанува – крајот на светот. Што и да тоа значи!