
Тинктура од лековити билки
Ставете во тегла:
2 лажици пелин
1 мала лажичка иситнет лист од бреза
1 ситно исечкан лист од кактус алое
1 ситно сечкана луто црвено пиперче
1 литар водка
Постапка:
Сите состојки измешајте ги во поголема стаклена тегла и прелијте со еден литар водка. Теглата добро затворете ја и оставете да отстои 10 дена. Потоа процедете.
Употреба:
Пијте по 1 лажица од оваа тинктура, измешана со три лажици вода, трипати дневно, 20 минути пред јадење.
По испиени две дози од оваа тинктура состојбата значително се подобрува.