Пушењето е најчестата нездрава навика која ја практикуваат луѓето во Македоија. Не се ретки оние кои се обиделе да ги остават цигарите, но не успеале. Ако ви треба допнителна мотивација за тој чекор да биде успешен, можеби оваа Тајландска реклама ќе биде последната капка што ќе ја прелее чашата.
Рекламата која овие денови се емитува на тајландските телевизии прикажува црна течност која потсетува на мастило и со кое е напишано: „Овозможете им на вашите бели дробови повторно да дишат“.
Црната течност од рекламата буквално е направена од белите дробови на починати пушачи, кои се донирани за научни цели.
„Мастилото од црни бели дробови“ е флаширано и раздавано на јавни места, а уметниците и калиграфите на неколку јавни настапи создавале слики и пораки кои ги инспирираат луѓето да ги остават цигарите.
https://www.youtube.com/watch?v=PfI8Fc29HEs