Без печење: Колумбо коцки со бисквити

popara12 јануари, 20151min00
16

Состојки:
300 гр мелени чоколадни бисквити
250 гр шеќер
3 јајца
125 гр маргарин
100 гр сецкани ореви
100 гр сусам
100 гр чоколадо за готвење
1 лажица рум
1 лажица чоколадо во прав
2 ванили
Прелив:
300 гр шеќер во прав
60 мл млеко
Неколку капки лимон

Подготовка:

Ставете ги во тенџерче маргаринот, шеќерот, јајцата и чоколадото и на не многу силен оган варете ги неколку мин. мешајќи.
Потоа тргнете го тенџерчето од шпоретот и ставете ги и другите состојки. Кога сето ќе се соедини, турете го во некое правоаголно плехче, 20*30 цм.
Кога ќе се олади, направете го белиот фондан. Млекото зовријте го па турете го врз шеќерот, па капнете и некоја капка лимон. Нека постои така минута-две, па потоа измиксајте го со миксер и прелијте го колачот.
Нека се олади добро, па исечете го со нож потопен во врела вода, на коцки 3*3 цм.

 

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag