Бидете себични: Научете да се сакате приоритетно себе, ќе ви се исплати!

popara21 август, 20151min00
9

Еден од најдобрите потези кои некогаш ќе ги направите е да се ставите себе си на прво место. Никој освен вие тоа нема да го стори, затоа опуштете се и за ваше добро, бидете себични.
Во женската природа е да се грижат за се, и многу често да забораваат на себе, иако тоа е многу важно за квалитетот на нивниот живот.
Ви претставуваме четири важни причини зошто уште денес мора да се ставите себе на прво место.
Здравје
Грижата за телото е многу важна, за да имате доволно енергија за сите обврски во текот на денот. Една од најдобрите тактики е – овошје, зеленчук, вежбање и доволно сон.
Убавина
Среќата и убавината одат рака за рака, бидејќи таа ни го дава неопходниот сјај. Дали спиете 7 часа дневно? Дали не правите пауза на работа? Одвојувате ли барем 1 час во денот само за себе?
Љубов
Се поставува едноставно прашање – ако не се чувствувате добро во својата кожа, како ќе бидете расположени за другите и се останато? Партнерот најчесто прв е на удар на нашите фрустрации и незадоволство, што може да предизвика проблеми во врската. Прво е потребно да научите да се сакате себе си.
Болка
Сите носиме емоционален куфер од минатото, но имаме прилика да ја намалиме таа болка или да постигнеме сосема да исчезне – со работа врз себе. Со други зборови, време е добрина и сочувство да развиеме и за себе и да го создадеме најважното пријателство – со самиот себе.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag