Љубовта не е да најдеш со кого да живееш, туку некого без кого не можеш да живееш…
Љубовта е сама по себе награда а омразата е сама по себе казна!
До срцето на твојот ближен можеш да дојдеш само со срце!
Грешките се дебели кога љубовта е слаба!
Некој писател запишал дека времето не го менува човекот, а ни мудроста-единствено нешто кое може да натера некое суштество да се промени,тоа е љубовта.
Можеби поради љубовта предвреме старееме и повторно се подмладуваме,кога младоста веќе ќе замине.
Биди среќен со тоа нешто што го имаш – Пред тоа да стане нешто што си го имал !
Две нешта не можат да се скријат а тоа се кашлицата и љубовта!
Зракот на љубовта ги уништува бактериите на омразата!
Никогаш не игнорирај ја личноста која те сака, личноста која се грижи за тебе. Еден ден кога ќе се разбудиш ќе сватиш дека си ја изгубил месечината броејќи ги sвездите!
Никогаш не престанувај да се смееш, дури и тогаш кога си тажен.
Можеби некој ќе се заљуби токму во таа насмевка!
Кој еднаш се напил од изворот на љубовта веќе не може својата жед
да ја згасне на други извори.
Некогаш го бараме она што го немаме, го зборуваме она што не го
мислиме, го правиме она што не го сакаме и ги сакаме оние на кои
не им значиме!
Љубовта е ништо повеќе од театарска сцена од хормони и емоции
кои ја наведуваат индивидуата кон ирационално однесување. Но за
потеклото на божевствената природа и интервенција на љубовта не
постојат зборови во јазикот на Човекот.
Вистинското доживување на љубовта е да се има најскапоценото
нешто на светот без да се поседува.
Пријателството понекогаш може да се претвори во љубов, но
љубов во пријателство – никогаш.
Љубовта е постојана варијабилна мешавина од среќа што имаш
некого и страв токму тој некој да не го изгубиш!
Од обични кавги, недоволно посветено внимание и недоволна
блискост се уништува и најголемата љубов !
Не постои грев туку недостиг од љубов. Имајте храброст,бидете
способни да сакате, па дури и ако изгледа предавничка и ужасна работа.
Љубовта не умира, неа ја убиваат луѓето!
Вистинскиот маж не сака милион жени, сака една на милион начини.
Да се ЉУБИ еден час е особина на животните. Да се ЉУБИ еден ден
е особина на човекот. Да се ЉУБИ еден живот е особина на
ангелите, но да се ЉУБИ цел живот едно суштество е особина на
боговите.
Запомни дека секој што ќе го сретнеш има страв од нешто, има
љубов кон нешто и има изгубено нешто.
Љубовта и лудоста се сакале, еднаш лудоста и поклонила ружа на
љубовта и со трњето ја повредила во очите. Од тогаш љубовта е
слепа, а лудоста и е водич.
Љубовта е трагедија во три чина. Започнува со поглед, продолжува
со бакнеж и завршува со солзи!
Мажот може да биде среќен со секоја жена, се додека не се заљуби.
Да се заљубиш не значи да сакаш. Човек може да се заљуби и
мразејки!
Само заради тоа што некој не те сака како што сакаш ти тоа не значи
дека таа личност не те сака со сето свое срце.
Најлошиот начин да ти недостига некој е да седиш до него а да
знаеш дека никогаш нема да го имаш.
Можеби Бог сака да запознаеш многу погрешни личности пред да ја
запознаеш вистинската.
Љубовта е луда прескокнува поток таму каде што има мост.
Колку човек повеке ја сака љубената, толку полесно ке ја замрази.
Во пријателството боли лагата. Но во љубовта боли вистината.
Со секоја жена разговарај како да си заљубен во неа, а со секој маж
како да ти е досаден.
Љубовта има разбирање за твоето минато,,верува во твојата
иднина и те прифаќа во сегашноста таков каков што си!
Животот сака да ги почувствуваме вистинските болки, но и
вредности на љубовта, можеби да сфатиме што значи некој
вистински да сакаш.
Човек треба да биде достоен на љубовта за да биде љубен.
Во љубовта е потребно трипати длабоко да се вдише и трипати
добро да се промисли, па дури тогаш да се направи глупоста која од
почетокот сме имале намера да ја направиме.
Ако човековото срце застанува да си почине при качувањето на
височините на љубовта, тоа ретко кога се запира на стрмната
удолнина на чувството на омраза.
Љубовта е како книга полна со мудрости, земена од библиотека,
додека да ја разбереш, веќе мораш да ја вратиш!
Ни една личност не ги заслужува твоите солзи, а онаа која ги
заслужува најверојатно никогаш нема да направи да плачеш.
Подобро е оброк со зеленчук каде е љубовта, отколку згоен вол
каде е омразата.
Животни сопатници на ЉУБОВТА се среќата и надежта, а вечен
пријател – довербата.
За да сакаш треба да знаеш да дадеш. За да љубиш треба да знаеш
да простиш.
Немојте да престанете да го работите тоа што сакате да го работите.
Кога има љубов и инспирација, едноставно, не можете да погрешите!
Да се биде сакан многу од некого дава сила, да сакаш некого многу
дава храброст.
Нема суштество без љубов, ниту вистинска љубов без љубомора,
ниту љубомора без прељуба, ниту прељуба без причина.
Не ви треба некој кој ќе ви симнува ѕвезди, туку некој со кого ќе ги гледате ѕвездите.
Љубовта доаѓа кај оние кои сеуште се надеваат по разочарување, кои сеуште веруваат по измама, и кои сеуште сакаат откако биле повредени.
Во љубовта треба да знаеш да не ја пречекориш дозволената брзина и да не се паркираш на погрешно место!