Тина Ноулс стапи во брак со актерот Ричард Лосон. 61-годишната мајка на Бијонсе носеше бел фустан од Ромона Кевеза на церемонијата која се одржа на огромна јахта.
Првата свадбена фотографија ја сподели Бијонсе.
Сите гости на свадбата добиле инструкции да носат бела облека. Бијонсе и малата Блу Ајви беа фотографирани оддалеку додека се подготвуваа за свеченоста на која присуствувале околу 300 лица.
Ова е втор брак на Тина, која се разведе од таткото на Бијонсе во 2011 година.