Руската телевизија „Ѕвезда“ објави снимка како два НАТО авиони пресретнуваат руски бомбардер „Тu-95MS“.
Како што наведува „Ѕвезда“ авионите „Eurofighter“ i „F-16“ пресретнале руско летало, а целиот инцидент бил снимен од екипажот во „Tu-95MS“, пренесе Новости.рс.
Телевизијата не наведува каде се случил инцидентот, но во еден момент, ловецот „Eurofighter“ се свртел на страна и покажал што има од вооружувањето, а во арсеналот имал ракети од типот „воздух-воздух“.
„Ѕвезда“ известува дека рускиот авион безбедно се спуштил на пистата во Русија, а телевизијата наведува дека леталото било пратено од германски „F-16“ се до границата, иако не е објаснето за која граница се работи. Некои медиуми, сепак шпекулираат дека сe работи за границата меѓу Летонија и Русија, и дека инцидентот се случил над Балтикот.