
Далеку назад во 1972 година, BMW 3.0CSL беше креиран за да ги задоволи стандардите на Европскиот тркачки шампионат. Производството на овој модел беше релативно кратко и заврши во 1973 година, со драматични модификации во изгледот вклучувајки спојлер на кровот, и спојлер на задниот дел во стилот на бетмобилот.
Сега од BMW се обидуваат да го испочитуваат овој модел креирајки го неговиот наследник BMW 3.0 CSL Hommage. Надворешниот дизајн на автомобилот е доста храбар со слични елементи како неговиот претходник, со преден и заден спојлер кои се вклопуваат во телото на автомобилот. Додека во далечните 70-ти алуминиумот беше прв избор на тркачките автомобили, сега несомнено доминира изработката од јаглеродни влакна. Таков е и случајот со овој модел. BMW се одлучи за жолта боја на автомобилот, што е несвојствено за нив, меѓутоа сепак автомобилот изгледа одлично.



