Јапонскиот гигант Toyota и германскиот BMW, веќе извесно време имаат блиска соработка околу изработката на новиот спортски автомобил кој ќе ја користи баварската моторна технологија и јапонското знаење на полето на хибридните погони.
Но, до тогаш, не е на одмет да видиме што се случува кога овие два производитела ќе ги вкрстат копјата, макар и кога се работи за обична забава на снег.
Тегнењето на јаже е секогаш примамливо, а особено е интересно да се види како се справуваат различните типови на возила, како што се BMW M4 и Toyota Tacoma pick-up.
Секако, BMW M4 има погон на задните тркала, додека Tacoma има 4WD погон. Но, како помош на BMW-тo, во багажниот простор се наоѓа и една девојка (!?), како придржувањето на задните тркала би било пооптимално.
Резултатот погледнете го и сами!