BMW X4 M40i

popara2 октомври, 20151min00
18

Баварскиот производител наскоро ќе претстави нов модел од M Performance семејството.

BMW X4 M40i визуелно не се разликува премногу од било кој друг X4 со пакетот M Sport.

Промените се сведуваат на стилските детали на предниот браник и малку поразлични куќишта на надворешните ретровизори, како и според спацијално дизајнираните 19 инчни алуминиумски бандажи.

Покрај тоа, X4 M40i има две симетрично поставени издувни цевки, по една на левиот и десниот дел на задниот браник.

Под хаубата се наоѓа шестцилиндарски 3.0-литарски турбо бензинец кој испорачува 360 ks (265 kW) и 465 Nm.

Моторот е поврзан со осумбрзински автоматски менувач, а прелиминарните информации покажуваат дека автомобилот од 0 дo 100 km/h забрзува за 4,9 секунди, што е за 0,6 секунди подобро време во споредба со BMW X4 35i.

Максималната брзина електронски е ограничена на 250 km/h.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma