Во вчерашната петта епизода од „Х фактор“ ги погледнавме и последните аудиции за годинава, а се чини дека меѓу најголемите фаворити во оваа сезона и понатаму се токму Македонците.
Меѓу првите аудиции вчера имавме можност да уживаме со прекрасниот настап на нашиот Боби Мојсоски, кој докажа дека Македонците и овој пат ќе им бидат главна конкуренција на останатите кандидати.
Талентираниот охриѓанец, кој зад себе веќе има низа успеси, како на домашен така и на интернационален терен (после Тоше Проески, тој е вториот Македонец кој победил на интернационалниот фестивал „Славјански базар“ во Белорусија), се претстави со моќната балада „Bed of Roses“ од „Бон Џови“, а жирито имаше само пофални зборови за неговата беспрекорна интерпретација и вокал „чист како езеро“.
https://www.youtube.com/watch?v=ItMtfdVFyo8