
Бритни и Иги се здружија за да создадат една заедничка песна, „Pretty Girls“. И двете блондинки се задоволни од соработката, како и нивните обожаватели, кои веднаш почнаа да ја објавуваат песната по социјалните мрежи.
Оваа нивна „химна“, за прв пат ќе биде изведена пред публиката на Billboard Music Awards на 17 мај. Моментално тие го снимаат спотот, а сега може да уживаме во студиското аудио.