Бритни Спирс повторно е секси

popara27 јули, 20151min00
5

По многубројните скандали и афери, Бритни Спирс како да се измори и исчезна од бруталниот свет на медиумите. По подолго време таа повторно се појави, овој пат во сосема нормално издание.

Хитмејкерката на „Ooops I Did It Again“, објави слика од одморот на Хаваи со нејзините два сина, Шон Пиерсон и Џејден Џејмс . На фотографијата тие се разладуваат во базен со природен изглед. Русокосата пејачка се гледа дека ужива во друштвото на своите најдраги, не покажувајќи никаков знак на напатеност поради разделбата со продуцентот Чарли Еберсол, со кој беше во врска 8 месеци.

Со оглед на одлично обликуваната фигура и стомачните мускули кои се наѕираат благодарение на дводелниот костим за капење, пејачката очигледно сериозно се посветила на вежбањето.

Во декември таа за Women’s Health изјави дека тонираното тело не се прави така лесно.

– Сакам ефективни тренинзи, со голем интензитет и пократко времетраење. Почнувам со 20 минути интензивно кардио, најчесто трчање, а потоа правам вежби за обликување на мускулите, како склекови, клекнувања и седнувања, па на крај завршувам со истегнување, открила Спирс.

Поранешната зависничка од брза храна сега строго внимава и на исхраната, одлучувајќи се само за сурова храна, најчесто суши.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma