Цел Балкан зборува за него, а само тој знае колку му е тешко!

popara15 октомври, 20151min00
11

Деновите поминуваат, но болката останува. Најмногу ме боли што изгубив пријател со кој делев се во животот, раскажал Н.Н. кој неодамна беше фотографиран од случаен минувач, а чија фотографија ги запали социјалните мрежи.

Момчето кое седи на клупа и се држи за глава, а до него има плишано мече е фотографијата за која збори цел Балкан. А за тоа дека фотографијата кажува илјада зборови говори и фактот дека многу лесно може да заклучи дека ова момче страда, пишува хрватски 24сата.

-Деновите поминуваат, но болката е се уште тука. Најмногу ме боли што изгубив пријател со кој делев се, раскажал Н.Н при тоа додавајќи дека причината за неговото страдање е девојката која го оставила.

Впрочем, тој бил во врска со девојката четири години, делел добро и зло.

-Таа девојка ме чуваше сам од себе. А јас се однесував лошо. Дознав дека ме изневерила и се обидов да поминам преку тоа. Но ништо од тоа не вредеше. Раскинавме лани, а тогаш сфатив што имав и што изгубив, изјавил тој.

И покрај тоа што поминала цела година од раскинувањето тој вели дека се уште пати. Деновите поминуваат, но болката останува.

-Секој пат кога ми е тешко земам нешто нејзино, нешто што ми го подарила за тие четири години. Шетам низ град и замислувам дека таа е покрај мене. Размислувам за животот и проблемите. Плишаното мече од фотографијата ми го поклони таа. Често пати луѓето ме прашуваат зошто шетам со нејзините работи, но ова е прв пат некој да ме фотографира, вели тој.

Н.Н вели дека е свесен дека таа може да го препознае од фотографијата, но и дека знае дека таа нема да му се врати. Кога би можел да го врати времето назад би ги променил работите. Би и се извинувал за секоја солза и неспиена ноќ.

-Јас ја пропуштив мојата шанса, но имам порака за сите оние кои можат да ги средат работите дур не е доцна. Доколку сте заљубени чувајте го тоа што го имате. Љубовта се појавува еднаш во животот, барем во мојот случај е така, заклучува тој.