Чоко бомбици од кокос

10 декември, 20150
19

Кокосовото брашно и чоколадото се прекрасно дуо. Десертите со овие две состојки се прекрасни, вкусни и брзи за подготвување, но колку брзи? Па навистина брзи.

Се што ви е потребно е кокосово брашно, чоколадо и кондензирано млеко.

Состојки:

  • 500 гр. кокосово брашно
  • 200 мл. кондензирано млеко
  • 150 гр. стопено чоколадо
  • 1 лажичка ванила екстракт (опцијално)

Подготовка:

Во подлабок сад истурете го кокосовото брашно, млекото и ванила екстрактот додека не добиете погуста смеса. Тестото ставете го во фрижидер околу 1 час за да се стегне, а потоа од него со рака формирајте топчиња во дијаметар од околу 3 сантиметри.

Бомбиците повторно ставете ги во фрижидер за да се стегнат, а во меѓувреме стопете го чоколадото на пареја или во микробранова. Секоја од бомбиците ставете ја во стопеното чоколадо и обложете ја со него. Чоко бомбиците ставете ги на послужавник и ставете ги повторно во фрижидер за да се стегнат.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *