
Можете да одлучите дека од денес веќе нема да го толерирате лошото однесување на другите во вашиот живот. Луѓето кои негативно се однесуваат со вас можат да ја ви одземат позитивната енергија. Зошто да го прифаќате тоа, ако можете да го елиминирате? Ако сакате да го смените начинот на кој другите се однесуваат со вас и да ги отстраните негативностите од својот живот, тогаш овие шест примери не треба да ги дозволите во вашиот живот.
Негативност
Денес живееме во свет во кој проблемите многу повеќе не зближуваат одколку успехот. Поголем дел од луѓето не само што сакаат да ги делат своите проблеми, туку тоа го користат и како начин на создавање на пријателства. Кога некој до вас ќе започне разговор истакнувајќи ги сите негативни страни на денешното живеење, потсетете се дека таква личност не ви треба во животот.
Потценување на вашите способности
Не дозволувајте му никому да ви кажува што можете да постигнете, а што не. Останете си верни себеси и на вашите сонови. Не се откажувајте само затоа што некој мисли поинаку од вас. Важно е да верувате во вашиот потенцијал. Доволно сте силни за да ги следите вашите најголеми амбиции.
Лажење
Обрнете внимание на тоа што луѓето зборуваат, а што всушност прават во реалноста. Тоа дефинитивно може да ви помогне да видите кој е искрен со вас. Ако некого фатите во лага, тоа нека ви биде знак дека во иднина треба повеќе да внимавате. Запомнете, делата зборуваат повеќе од зборовите.
Малтретирање
Можеби мислите дека ова е само проблем на децата и тинејџерите, но всушност ова е чест проблем и кај возрасните. Многу луѓе не го препознаваат бидејќи тоа е маскирано во вербална агресија или друг вид на нетолерантен однос. Малтретирање е нешто кое не смеете да го прифатите. Никој нема право да влијае на тоа другите да се чувствуваат лошо. Но за жал, секогаш ќе има луѓе кои се склони кон тоа да ги омаловажуваат другите. На почеток може да ви изгледа застрашувачки да возвратите на ваквото однесување, но ќе ви биде мило кога ќе го направите тоа. Треба да знаете дека малтретирањето може да потекне и од блиските личности, како што се семејството, пријателите или партнерот. Посматрајте како луѓето се однесуваат со вас, а ако е потребно соочете се со нив.
Кога другите превземаат контрола над вашиот живот
Вие сте креатор на сопствениот свет. Зошто тогаш некој друг би имал моќ да одлучува како да управувате со сопствениот живот? Секако, човечки е да замолите некого за помош кога се чувсвувате немоќни, но не и да дозволите да превземат контрола над вашиот живот.
Физичко насилство и злоупотребување
Ако сте преживеале физичко насилство и злоутротреба, ако сте се обиделе да простите и продолжите со вашиот живот, вие сте херој! Поголем дел од луѓето се свесни дека физичкото насилство е сериозно прашање кое не смее да се толерира, но сепак изненадувачки висок е бројот на лица и семејства кои минуваат низ ваков пекол. Ако знаете некој кој се бори со ваков проблем, пружете му рака за помош и охрабрете го да го надмине овој проблем и да го стави во своето минато. Ако пак вие се соочувате со некаква форма на насилство не заборавајте дека треба да побарате помош. Иако тоа не е лесно, сепак тоа е единствениот начин да излезете од кругот на насилство во кој живеете. И не се лажете дека ќе биде подобро, во ситуација на физичко насилство може да биде само полошо.
Вие сте збир на вашите животни избори, па мудро бирајте какви однесувања ќе толерирате кон себе. Запомнете дека сте одговорни за сопствениот живот и дека сте посилни отколку што мислите.