Реката Кањо Кристалес во Колумбија за многумина претставува најубавата река во светот. Ја нарекуваат „течно виножито“ поради алгите познати како macarenia clavigera кои ја обојуваат водата во неколку бои.
Од јули до ноември, во реката се создава вистинска мешавина од бои под површината на водата. Зелена, сина, црна, црвена и жолта се боите кои се видливи за време на сезоната, додека локалните жители сметаат дека по појава на невреме, боите се највидливи.
Геолошката формација на реката е богата со седименти, а камењата се стари околу 1.2 милијарди години. Сето ова во комбинација со растенијата кои виреат во реката создава најразлична палета од бои.