За жал, во глобални рамки владеат стереотипни сфаќања дека луѓето од исламска вероисповед се терористи.
Поттикнати од овие верувања, „STHLM Panda“ направи одличен социјален експеримент во срцето на Стокхолм, Шведска. Во видеото ќе видите едно момче со силна брада, темен тен и густа коса, со врзани очи и широко отворени раце. Тоа момче стои на фрекфентна улица зад таблата на која пишува куса, но мошне силна порака: „Јас сум муслиман, тоа не е исто со терорист. Дали ми веруваш? Јас тебе ти верувам!“.
Стоејќи на улица, Ашкан наидува на симпатични реакции од случајните минувачи. Речиси сите му приоѓаат, го прегрнуваат и му даваат поддршка. Прегрнете го и Вие!