Овен
Жената Овен е енергична, силна и одлучна. Барате партнерка или пријателка за мирни прошетки или која ќе седи пред телевизор? Тогаш, побарајте некоја во друг хороскопски знак бидејќи жената Овен не е за вас. На нејзе хороскопот делува како природен енергетски пијалак и додека другите се влечат од умор, таа како сè уште да има крилја.
Бик
Оваа жена стои цврсто на земја и сака сè што е постојано и опипливо. Таа не сонува. Нејзиното чувство за практичност е посилно од желбата за бегство од реалноста. Никогаш не верува во слатките ветувања, илузии и фантазии.
Близнаци
Жената Близнак одлично одговара на името на хороскопскиот знак кој го носи: како вистински пар близнаци, таа понекогаш е како две личности во едно тело. Па затоа, може да ги збуни оние кои ја опкружуваат. За нив таа е како неоткриена енигма. Сепак, ако мажот успее да ѝ се приближи и да ѝ докаже дека е созреан на ментално, духовно и психичко ниво, таа ќе му ја открие страсната жена во себе.
Рак
Жената Рак е вистинска енигма за мажот кој се обидува да навлезе во нејзината душа. На момент е весела, па потоа среќна, и на крај сосема трето. И така од ден на ден се менуваат нејзините чувства и расположенија, често скриени под нејзината маска на рамнодушност.
Лав
Жената Лав е родена за да биде центар на вниманието, па ако тоа внимание доаѓа од машката популација, уште подобро! Таа многу добро ќе го прифати секој поглед кој ќе го привлече, и дури ако поради тоа ѝ стане малку неудобно, брзо ќе се прилагоди. Сè друго е подобро од тоа да ја игнорираат од случувањата, додека другите лудо се забавуваат без неа. Жената Лав поседува вродена елеганција, игривост и силна енергија. Кога сака, сака со полно срце и потполно се предава на партнерот.
Девица
Интелигентна, елегантна и пред сè женствена – тоа е Девицата. Таа не е ураган кој ќе го зграби мажот и ќе го држи во страв туку таа малку по малку ќе му се вовлекува под кожа додека тој не сфати дека не може без неа.
Вага
Жената Вага ќе ја препознаете по елеганцијата во секој нејзин чекор. Таа е совршено природна и секогаш своја, па сите машки погледи ќе се задржат на неа кога таа ќе влезе со својата грациозност во нивното видно поле.
Скорпија
По малку мрачна, доста таинствена и над сè магнетски привлечна – тоа е жената Скорпија. Секако, таа знае дека мажите сакаат да веруваат дека тие се освојувачи, па таа совршено ќе ја одигра својата улога. Но не лажете се, сепак правилата на играта ги одредува таа.
Стрелец
Полна со живот, ведра, забавна и шармантна – таква е жената Стрелец. Таа не сака да биде ограничена во тесни рамки, па затоа ќе патува секогаш кога ќе биде во можност. Жената Стрелец е љубопитна, желна за нови знаења и идеи. Не се обидувајте да ја заробите во четири ѕида бидејќи таа мрази рутина и монотонија.
Јарец
Одлучна, бестрашна, фокусирана на својата цел и пресреќна кога ќе стигне до него – тоа е жената Јарец. Како незапирлив воз, таа гази сè пред себе. Колку и да сте храбри, ви препорачуваме да не ѝ застанувате на патот.
Водолија
Жената Водолија е интелигентна, женствена и нежна, но на свој посебен начин. Не се обидувајте да ѝ наметнете строги правила и не очекувајте да го прави она што не ѝ е по волја. Таа секогаш ќе остане своја и до самиот крај посебна, оригинална, а никогаш нечија копија.
Риба
Жената Риба е нежна, чувствителна и романтична, а посебно е силна нејзината потреба да ги заштити оние на кои им е потребна помош. Мала напомена: можеби од сите хороскопски знаци, жената Риба е најтешко да се опише бидејќи секоја од нив е посебна приказна. Некои отворено ќе ја покажат својата нежна страна, додека други ќе ја кријат за да се заштитат.