
Корејскиот поп пејач Псај повторно се врати на сцената, овојпат со нов спот за синглот “Daddy”.
Новиот сингл на Псај е дел од новиот албум “Chiljip PSY-Da” што на корејски значи – “Ова е седмиот албум на Псај”.
Ова е прв албум после “Psy 6 (Six Rules)” од 2012-та година, на којшто беше и хитот “Gangam Style”.
Ова е прв албум после “Psy 6 (Six Rules)” од 2012-та година, на којшто беше и хитот “Gangam Style”.
Псај вели дека едноставно нема шанси за уште еднаш да постигне успех каков што имаше со “Gangam Style”, којшто има толку многу прегледи, што YouTube мораше да го промени и бројчаникот.
За само еден ден, спотот на новиот хит на Псај на YouTube мрежата е погледнат повеќе од 4 милиони пати!