Министерството за одбрана на Руската Федерација ќе купи најмалку 50 нови тешки стратешки бомбардери Ту-160 „блекџек“, кога производството ќе биде обновено, изјави денеска генерал Виктор Бондарев.
Со време ќе купиме најмалку 50 авиони за да бидат покриени трошоците за производство, рекол Бондарев.
Унапредениот бомбардер Ту-160 има нов радар, а заменета му е и навигациската опрема.
Се работи за суперсоничен стратешки бомбардер. Дизајниран е за дејства на мети ширум светот, а опремен е со нуклеарно и конвенционално оружје.