Дали знаете колку е опасно да сушите алишта на радијатори? Може да ве чини здравје…

popara3 јануари, 201517min00
28

Многумина немаат друг избор, па облеката ја сушат меѓу своите четири ѕида, на радијатори или решетка за сушење алишта поставена во домот, меѓутоа оваа навика може да ве чини здравје…

Шкотски научници од Архитектонскиот факултет Макинтош, утврдиле дека повеќето домови имаат премногу влага, а причината за тоа е сушење алишта внатре во домот, со што се зголемува влажноста за 30%.

Три четвртини од стотина испитаници во нивните домови имале голем процент влажност во воздухот кој секјдневно се претвора во богато тло за гниење и зголемана концентрација на спори од мувла.

Вдишувањето на спорите од мувлата може да предизвика воспаление, особено кај луѓето со намален имунитет или може да предизвика алергиска реакција или астма.

Симптомите се кашлање, постојана омалаксаност, иритација на очите, грлото, кожата, главоболка.

Луѓето во зима поретко ги отвараат прозорите и послабо ги пороветруваат домовите за да не се олади просторијата, а токму тоа е решението, редовно и често проветрување ако не постои друга алтернатива за сушење.

Тимот кој стои зад оваа студија предупредува дека влагата и спорите од мувлата се мошне опасни за новореденчиња и мали деца чиј организам е мошне чувствителен на вакви влијанија, па сето тоа ќе резултира кај нив во чести белодробни инфекции, проблеми со дишењето, појава на алергија, астма, и намален имунитет.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag