Нашиот евровизиски претставник, кој веќе привршува со промотивната турнеја ширум Европа, во саботата имаше чест да настапи на најголемиот промотивен настан на„Евровизија“ – евровизискиот концерт во Амстердам, на кој чест да учествуваат имаа само 24 претставници од вкупно 40-те земји учеснички годинава.
Даниел продолжува да биде мистериозен и сите детали во врска со сценографијата и придружните вокали ќе ги држи во тајност сè до 19 мај, кога ќе се одржи првата полуфинална вечер.
Што се однесува до пеењето, Кајмакоски одлично ја отпеа својата „Autumn Leaves“и доби громогласен аплауз од публиката, а како изгледаше неговиот настап можете да погледнете овде.