Де Ниро и Ева Мендез ќе играат во филмот за Аркан

popara21 октомври, 20151min00
3

Холивуд одлучи да сними филм за контраверзниот командант на Српската доброволна гарда, Аркан. Филмот инспириран од животот на Жељко ќе се вика “Скокот на тигарот”.

Остварувањето се снима според книгата “Аркан” на Владимир Ѓорѓевиќ во соработка со продукциската куќа “Cinema Cafe”.

Иако филмот е инспириран од ликот и делото на Аркан, нема да го прикаже веродостојно. Станува збор за акција која го следи реалниот живот на мафијата и нивните криминални активности.

eva-7

“Во нашата приказна ќе се осврнеме на односнот на главниот јунак со тогашниот претседател на државата Слобо и сопругата која е пејачка. Де Ниро е многу заинтересиран за овој проект, сака да го игра Слободан Милошевиќ, а Цеца треба да ја игра Ева Мендез”, вели Ѓорѓевиќ.

Снимањето ќе започне во 2016 година и ќе се снима во Србија, Шведска, Америка и Црна Гора, која е замена за Грција.

zeljko-raznatovic-arkan

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag