Мона Кристенсен имала 114 килограми кога нејзиното момче одлучил да ја напушти бидејќи не му била повеќе привлечна. Една година подоцна му докажала дека навистина погрешил.
По непријатното прекинување на врската, Мона започнала да држи строга диета и ослабела над 40 килограми.
Сега има помалку од 70 кг, се занимава со фитнес, здраво се храни и претставува инспирација за сите покрупни жени од целиот светот.
Триесет и петгодишната Мона од Велс има ново момче и повторно е вљубена.
Таа започнала со намалувањето на килограмите по прекинувањето на врската со претходното момче по седумгодишна врска.
Таа вели дека навистина била шокирана кога тој и рекол дека е премногу дебела за да биде со неа. И многу му се заблагодарува за тоа. Нејзиниот живот е целосно променет откако се случило тоа.
И постојано јадела слатки за да се справи со стресот.
Оттогаш поминале пет години. Својот триесетти роденден Мона го прославила во кревет, прејадувајќи се, но неколку месеци подоцна сфатила дека мора да го промени начинот на живеење и исхрана.
Во април, минатата година, Мона започнала и сопствен бизнис, односно станала личен тренер.
Мона, претходно, го прескокнувала појадокот, па за тоа по цел ден грицкала храна полна со јаглехидрати. Денес има шест оброци дневно, кои се базираат на протеини.
httpv://www.youtube.com/watch?v=uTnX2Ooq7g0