Славната холивудска ѕвезда Деми Мур иако има 52. години со изгледот може да им конкурира на многу свои помлади колешки, но и на своите ќерки.
Имено, на прсти можат да се избројат личностите кои би се осмелиле да се фотографираат во костим за капење по 50-тата година од животот, а Деми тоа го прави со задоволство, бидејќи има и со што да се пофали.
Актерката во 52-та година изгледа двојно помладо, а врз основа на нејзиното тело ретко кој би рекол дека родила дури три деца.
Деми своето слободно време најмногу сака да го поминува во друштво на своите деца. Така и овој слободен ден го искористила за уживање со ќерките. Згодната актерка покрај базенот се фотографирала со своите две ќерки, Талула и Скаут.