Десет нешта од кои морате да се откажете за да бидете среќни

popara22 февруари, 20151min00
8

Целосната среќа е посакувана од сите, но некогаш ние самите ја спречуваме да се појави.

Поднесуваме толку многу нешта што ни предизвикуваат многу болка и страдање, што упорно удираме со главата во ѕид. Ви нудиме листа на 10 работи од кои доколку се откажете, ќе го направите вашиот живот полесен и среќен.

Откажете се од желбата секогаш да бидете во право

Многумина од нас не можат да се помират со сознанието дека прават грешки, дека не се секогаш во право. Тие не се подготвени да ја признаат вината дури и ризикувајќи да стават крај на една голема врска или да предизвикаат некому стрес или болка. Не вреди. Дали навистина вашето его е толку големо?

Откажете се од потребата да контролирате

Откажете се од желбата секогаш да контролирате сè што се случува со вас и околу вас – ситуации, настани, луѓе, итн. Безразлика дали се тоа вашите омилени пријатели, роднини, колеги или странци – дозволете им едноставно да бидат они. Дозволете им на сите само да бидат такви какви што се и ќе видите колку подобро ќе се чувствувате.

Откажете се од обвинувањата

Откажете се од потребата да ги обвинувате другите за работите што ги имате или немате постигнато во животот, за работите што ги чувствувате или не. Престанете да ја трошите енергија и започнете да ја преземате одговорноста за својот живот.

Откажете се од ограничените верувања

Откажете се од ограничените верувања за тоа што можете или не сте способни. Од сега па натаму нема да им дозволите да ве држат на погрешно место. Раширете ги кријлата и летнете.

happiness-heart-sunset

Откажете се од жалбите

Откажете се од постојаната потреба да се жалите за многу нешта – луѓе, ситуации кои ве прават несреќни и депресивни. Никој не може да ве направи несреќни, ниту една ситуација не може да ве натера да се чувствувате тажно, освен ако не дозволите самите. Никогаш не ја потценувајте моќта на позитивното размислување.

Откажете се од луксузот да критикувате

Откажете се од желбата да ги критикуваат нештата или луѓето кои се различни од вас. Ние сите сме различни, а во исто време сме исти. Сите сакаме да бидеме среќни, сакани и разбрани. Се разбира дека има исклучоци од ова правило тогаш кога се работи за конструктивна критика, која некому ќе му ги отвори очите и ќе ви биде благодарен на укажаното.

Откажете се потребата да ги импресионирате другите

Престанете да настојувате толку многу да бидете нешто што не сте, за да им се допаднете на другите. Моментот во кој ќе престанете да бидете некој кој не сте, моментот во кој ќе ги симнете сите ваши маски и ќе почнете да бидете себе, ќе видите како без напор луѓето ќе бидат привлечени од вас.

Откажете се од отпорот за промена

Промената е добра работа. Таа ќе ви помогне да се придвижите од точката А до точката Б. Промената ќе ви овозможи да го подобрите вашиот живот и оној на околните.

Откажете се од стравовите

Стравот е само илузија, тој не постои – вие го создавате. Тој е само во вашата свест. Променете го внатрешниот, и надворешниот свет ќе си дојде на свое место.

„Единственото нешто од кое што би требало да се плашиме е стравот.” Франклин Делано Рузвелт

Откажете се од минатото

Знаеме дека е тешко, особено кога минатото изгледа многу подобро од сегашноста, иднината изгледа толку страшно. Сепак, бидете во сегашноста во секој момент и уживајте во животот.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag