Десетте најмоќни фамилии во светот

popara8 мај, 20152min00
13

Кога човек има пари има и огромна моќ. Токму некои богати фамилии поседуваат неверојатно богатство, за кои ние само би сонувале. Во прилог ви ги претставуваме десетте најмоќни фамилии во светот.

Ротсчајлд

Знаете и самите дека светската цена на златото секојдневно се одредува. Фамилијата која ја диктира таа цена е Ротсчајлд и тоа затоа што поседуваат сопствен рударски гигант Rio Tinto, Glenn core и RIT Capital Partners, кои се водечки инвестициски фондови во светот.

Оваа фамилија започна со првата значајна меѓународна банкарска работа, која моментално ја работат петте синови на Мајер Амшел Ротсчајлд. Богатството на ова семејство за прв пат се спомнува во 18 век, а влијанието го стекнале кога ја финансирале британската војна против Наполеон. Во 19 век, го поседувале најголемото приватно богатство на светот, како и најголемото богатство во модерната светска историја. Моментално, тие работат на неколку индустрии како што се финансии, рударство, енергетика, разновидно производство, производство на вина и добротворни организации. Токму поради ова, тие се вреднуваат на највисоката позиција во светската хиерархија на илуминатите.

Руперт

Започнале како една мала компанија која произведувала цигари во Стеленбош, Јужноафриканската република, во 1941 година, но со паметно вложување создале корпоративното царство вредно милијарди долари. Малата компанија преминала во „Rothmas“, за потоа да прерасне во најголемиот произведувач на цигари во светот – British American Tobacco. Луксузните брендови „Cartier“, „Monte Blanc“, „Piaget“, „Baume&Mercier“, „Vacheron Constantin“ и „Dunhill“ се во нивна сопственост. Исто така тие инвестираат во 80% од светското производство на бренди и вина, заедно со фамилијата Ротсчајлд.

Астор

Ако сте се запрашале зошто толку улици, хотели и населби во Њујорк се викаат Астор или Асторија, тоа е поради фамилијата Астор која била меѓу првите земјопоседници во Њујорк, каде што освен хотели, станбени блокови и згради, изградиле и книжари. Во 18 век, почнале со трговија со крзно, но многу брзо започнале со инвестиции.

Џон Астор е роден во Валдорф, како син на касап во Германија. Тој е првиот истакнат член на фамилијата Астор и првиот мултимилионер во САД. Ја разработил трговијата со крзно која се протегала од Големите езера и Канада, а подоцна се проширила на американскиот запад и пацифичкото крајбрежје. Исто така, бил вклучен во криумчарење на опиум. Во раните години од 19 век се насочил кон трговија со недвижнини во Њујорк.

Капет

Ова семејство е најголема и најстара кралска фамилија. Французите ги нарекувале Les Capetiens, додека повеќето Европјани ги знаеле како The House of Capet. Тие владееле со голем дел од европските континенти, иако француската династија е една од најстарите европски владарски фамилии.

Постојано владееле од 987 до 1328 година, па се до 1848 година со одредени прекини. Од потомците на династијата Капет, денес на власт се шпанскиот крал и луксембуршкиот војвода.

Порше

Порше, спортските автомобили и Фолксваген, популарен како автомобил омилен меѓу оние кои го ценат квалитетот, се всушност сестрински компании. Сегашниот шеф на Порше е Фердинанд Печ, внук на создавачот на овие супер автомобили. Од друга страна пак, неговата сопруга е шеф на автомобилите Фолксваген. Оваа мултинационална компанија е всушност под контрола на само една фамилија.

Рокфелер

Династијата Рокфелер е банкарска благородничка фамилија, која ја создале Германците Џон и Вилијам Рокфелер. Имено, во 19 век оваа фамилија станала една од најголемите светски приватни претприемачи во нафтената индустрија. Подоцна се рашириле низ Америка и сега се сопственици на Светскиот трговски центар, Rockefeller Center, Lincoln Center, One Chase Manhattan Plaza, MoMa и многу други.

Основачи се на т.н. Билдербершка група, во која годишно се собираат околу 200 гости, од кои повеќето се претставници од влијателни семејства од политиката, бизнисот и медиумите. На овие собири разговараат за иднината на светот, па токму поради тоа многумина ги обвинуваат дека потајно управуваат со светот преку ЕУ, Г8 и Светскиот економски форум. Членовите на групата се претседатели на држави, министри, сопственици на корпорации, банкари, индустријалци и претставници на медиумскиот картел.

Опенхајмер

Фамилијата Опенхајмер контролира значаен дел од сите минерални богатства во светот. Сопственици се на „De Beers“ и „Anglo American“ за снабдување на дијаманти, злато и платина. Наводно, филмот „Крвав дијамант“ е инспириран од поедини секвенции од животот на Ники Опенхајмер.

Џеновезе

Се сеќавате ли на фамилијата Корлеоне од трилогијата „Кум“? Инспирацијата била од најмоќното мафијашко семејство кога и да било – Џеновезе. Винсент Џеновезе или како што сите го знаеле Gigante ја наследил моќта на својот татко Вито, кој успешно контролирал со организираниот криминал од Њујорк до Чикаго. Сепак, во 2005 година, Винсент починал, па од тогаш моќта им е во стагнација.

Мекмахон

Оваа фамилија умеела како да организира забава во светот на спортот. Знаеле од се да направат добро шоу, а ни самите не се двоумеле дали да застанат пред камери.

Винс Џуниор ја започнал својата кариера како презентер на телевизија, а потоа ја преземал работата на татко му како спортски менаџер, а семејната компанија прераснала во World Wrestling Federation. Организирале бокс мечеви, а со тек на време станале најзначајната светска компанија за промоција на професионални спортови каде се вртел енормен капитал.

Тата

Ова семејство е најголемиот приватен работодавец во втората најнаселена земја во светот – Индија. Потекнуваат од Гујарт, а финансиската експанзија на фамилијата започнува со Џексм Нусервањ Тата. Токму него го нарекуваат татко на индиската индустрија, а нивното влијание се движи од недвижнини, градежништво, производство на автомобили и текстил.

Исто така, тие се сопственици на електрични централи и авионски компании. А се започнало со неколку мелници за памук, во кои фамилијата го вложила целиот капитал.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag