Диетата од зелен чај со млеко е нова идеја, која навистина дава посакувани резултати, а најмногу им се препорачува на оние кои што сакаат да се решат од вишокот на вода во организмот. Оваа диета се практикува само еден ден, а најмногу два пати во текот на месецот. Со помош на чајната диета можете во текот на еден ден да загубите меѓу половина и два килограми.
Доколку имате најмал проблем со здравјето, консултирајте се со лекар, во врска со оваа диета.
Состојки:
1,5 л. млеко (безмаслено)
2 лажички листови зелен чај
Подготовка:
Сварете го млекото и оладете го на 70 степени, па потоа додадете листови зелен чај.
Затворете го и оставете 20 минути, после што ќе го исцедите млекото и ќе пиете во текот на денот, на секои два часа по една шолја.
Во меѓувреме можете да конзумирате само обична вода.