Оваа диета станува се по актуелна зошто со неа се согоруваат маснотии и се намалуваат многу килограми во рамките на само неколку дена. Реално можете да ослабнете до 10 кг за само 5 дена!
Зошто да ја изберете оваа диета?
Грејпфрутот припаѓа на групата на храна која согорува масти. Со други зборови грејпфрутот има хранливи материи кои ги разградуваат маснотиите и ги отстрануваат од телото. Грејпфрутот исто така ја подобрува размената на материи и го стимулира варењето на храната. Јајцата особено белките имаат многу протеини. Кога ги комбинирате овие две храни се претпоставува ефикасноста на слабеење да се зголеми повеќекратно.
Диетата со јајца и грејпфрут е доста строга, па затоа не се препорачува за луѓе со сериозни здравствени проблеми!
Основни принципи на диетата:
Оваа диета може да трае најмногу 7 дена! Јас ви препорачувам само 3-4, бидејќи и тоа ќе ви даде добри резултати, а организмот нема да гладува.
Мени:
Јадете по 5 грејпфрути на ден комбинирајќи ги со 5-9 белки. Во идеалниот случај треба да има 10 порци дневно по ½ грејпфрут и една белка од јајце на секој час. Уверете се дека пиете многу вода и треба да останете умерено активни, на пример пешачење по 45 минути секој ден.
Како што гледате оваа диета ги исклучува 100% мастите од искраната. Содржи само белковини и прости шеќери од грејпфрутот, па затоа резултатите се загарантирани.
Мој совет е наутро да пиете чаша зелен чај без шеќер и навечер непосредно пред легнување уште една, за да се исчисти организмот од токсини и да ги искористите ползите од зелениот чај кои не се малку, особено моќните антиоксиданси и ефектот за намалување килограми.
Ви посакувам успех!