Доколку зборуваме за одржување на добрата линија, тогаш навистина треба да ги погледнеме познатите личности. Доволно е да ја земеме за пример Џенифер Анистон. Таа има 40 години и никогаш не изгледала поубаво. Лимон диетата на Џенифер Анистон е прилично позната во селебрити круговите. Оваа диета “влегла” во мода пред неколку години. Откако Џенифер престанала да пуши, го отфрлила кофеинот и сите газирани пијалоци, таа одлучила да проба некоја детокс диета. Лимонот диета била совршена за неа. Овде се некои детали кога е во прашање оваа диета…
- Свеж сок од лимон
Џенифер Анистон денот го започнува со чаша свежо исцеден сок од лимон. Според неа сокот од лимон е најдобар начин да се ослободите од токсините од телото. Лимонот исто така помага при одстранување на маснотиите и целулитот.
- Нема преработена храна
Освен конзумирање на сокот од лимон, оваа детокс диета бара од вас да ги избегнувате токсините во сите полиња. Како очекувате вашето тело да биде детоксицирано доколку продолжите да јадете преработена храна? Џенифер Анистон не јаде брза храна или било каква преработена храна.
- Протеини и зелена салата
Познато е дека Џенифер Анистон јадела една иста салата дури десет години. Станува збор за зелена салата и пилешко месо. Здравата рамнотежа на зелената салата и протеините е важна за витко тело. Зелената салата исто така помага во детоксикација на телото.
Предностите на оваа диета:
Оваа лимон диета не само што ви помага да имате витко тело, туку ви помага и да добиете природен сјај на кожата.
Антиоксидансите во сокот од лимон се најдобар природен процес против стареење. Не е ни чудо што Џенифер не изгледа постара од 30 години, иако има 40.
Оваа диета го прочистува системот од сите токсини во организмот и ви помага да живеете подолго и поздраво. Исто така оваа диета ги намалува шансите за добивање на рак.