Кога сте во фаза на детоксификација или прочистување, се што внесувате во организмот треба да помогне за елиминирање на токсините, но и да ве снабди со течности. Оваа диета се прави за време на викенд. Се препорачува и конзумација на домати поради присуството на антиоксидансот ликопен, зрнеста храна и зеленчук, со кои ќе се зголеми внатрешната температура и ќе го активирате процесот на прочистување.
Сируп за слабеење:
(се пие навечер пред легнување)
300 мл вода
2 супени лажици сок од лимон
1 супена лажица јаворов сируп
1 лажичка лут пипер
1 лажичка ѓумбир
Сите компоненти се мелат во блендер и пијалокот е готов за употреба.
Сок за активирање на метаболизмот
(секој ден пред појадок)
6 супени лажици сок од лимон
2 домати
4 чешниња лук
500 мл вода
6 коцки мраз
Состојките се додаваат во блендер и се меша 1 минута на максимална брзина.
Во текот на овие два дена пијте колку што можете повеќе зелен чај без шеќер наместо вода. Се јаде само зеленчук и зрнеста храна во помали количини.