До сите девојки кои ги одбиваат и оставаат добрите момци

popara8 септември, 20151min00
17

Од името на сите добри момци, ова е за девојките кои си заминаа без добра причина…

„Драга девојко која само се заврти и си замина,

Не е дека не беше свесна што те чека. Тој ти кажа дека е добар дечко. Тој одлучи да ти ја подари довербата и ти даваше сè што можеше, кога можеше.

Доброто момче верува во тоа дека работите треба да се направат на правилниот начин. Беше тука кога ти требаше, но и сам ти се тргаше од патот кога сакаше да бидеш сама.

Живееме во време кога сите мораме да носиме маски и да играме некаква улога. Да му се предадеш на некој во целост – такво нешто речиси и да не постои.

Сакаме цитати на Фејсбук, а на Инстаграм еден ден сакаме мазохисти, друг ден сакаме романтика. Ги играме игрите во кои приоритет е да бидеш недостижен.

Зарем крајната цел на флертот не е конечно некаде да се смириме? Која е смислата на излегувањето на состаноци ако не постои желба да се развие врска? Ако бараш момче за една ноќ, остави го доброто момче и поигрувај си со оној кој е на твоја бранова должина.

Заштеди си го времето и енергијата, затоа што не можеш тукутака да си отидеш кога еднаш ќе се сплеткаш со добро момче. Тој се грижи и секогаш ќе бара мислење и објаснување од тебе.

Секоја девојка мисли дека сака лесни момци затоа што се предизвик, па сега таа е онаа која ќе го скрши, остави, искористи. Дали сте размислиле дека токму таа девојка има потреба да почувствува нешто посебно, само наместо љубов го одбира погрешното чувство?

Поминала низ нешто страшно, како и сите ние, и заради тоа се променила. Се случува, и тоа не е причина да е огорчена и да се задоволува со секс за една ноќ. Не си била негов приоритет, негова желба, продолжи понатаму.

Сега пред тебе стои добро момче кое кога не си одеше, го одбиваше уште посилно. Сепак, тој не се откажа и секојпат кога го туркаше, тој те привлекуваше.

Тој ги игнорираше твоите стравови и те присили да пораснеш. Тој се бореше за твоите страсти. Тој заборави на сè што некогаш сакаше и те насочи кон она што ти требаше. И ти во тој момент си замина. Затоа што беше премногу добар.

Ти даде премногу и животот ти стана претерано лесен. Сакаше расправии и тешки моменти, но тука погреши.

И добриот  дечко некогаш бил повреден, само одлучил да остане добар. Научил дека различните луѓе ќе му овозможат различни работи во животот. Но, научил и дека ништо не смее да го промени.

Затоа и те остави да си одиш. Затоа и заврши со тебе.

Она што не го знаеш е дека некоја друга со нетрпение го очекува. Кога ќе сфатиш дека сè што некогаш си сакала за момент си го имала, ќе биде предоцна. Некоја друга нема да губи ниту минута.

Ете, го изгуби ти твојот совршен.

Можеби те засака премногу брзо, но тоа не е недостаток. Тој те натера да почувствуваш љубов, иако таа никогаш не беше дел од твојот речник.

Тој е момчето со кое требаше да завршиш, оној кој ќе поместеше сè за тебе. Кога некои работи ќе ги собереш и одземеш, ќе разбереш за што зборувам.

Со почит,

Уште една девојка која задоцни“

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag