Кристи Бринкли има 61-година, но ништо не ја спречува да изгледа совршено и да биде пример за тоа како треба да старее една жена.
Поранешниот супер модел едноставно зрачи каде и да се појави, а нејзините последни фотографии покажуваат дека освен што е убава знае и како да ги комбинира вистинските парчиња на облека.
Русокосата убавица често вели дека младешкиот изглед се должи на тоа што е веган од својата 13-та година. Сепак, признава дека повремено знае да си ја почести душата со луксузен оброк.
-Животот е прекраток за да не се почестите со остриги и шампањско.