
Познатата поп пејачка Мадона (57) и холивудскиот актер Шон Пен (55) во 1980-тите беа три години во брак , а се разведоа во 1989 година поради неговата агресија и зависноста од алкохол. Актерот пред неколку месеци ја прекина и свршувачката со убавицата Шарлиз Терон (40).
Додека биле во брак Шон Пен ја тепал Мадона со палка за безбол, но и ја врзувал пејачката за стол по што ја удирал со шлаканици. Пејачката 25 години по нивниот развод се му простила и наводно повторно ја обновиле својата врска.
Мадона има две биолошки деца, ќерката Лурдес и синот Роко кој го доби во бракот со режисерот Гај Ричи, и посвоените деца Захара, Дејвид Банда и Мерси Џејмс.
Шон Пен пред неколку години се разведе од актерката Робин Рајт со која беше во брак 14 години, и имаат две деца.