
Додека се обидувал да го напушти паркингот пред една продавница во Високнсин, 92-годишен маж удрил вкупно десет возила, поради што интервенирала полицијата, која објавила и снимка од инцидентот.
Во текот е полициска истрага. Службениците се обидуваат да сфатат како мажот бил несреќен до тој степен, за време на излегувањето од паркингот на петок 13.
Повеќе возила удрил кога го напуштал своето паркинг место, а уште две кога продолжил понатаму. Еден од удрените автомобили се удрил во друго возило. А тоа во уште едно. И тука не бил крајот, но најдобро е да го погледнете видеото на крајот од текстот.
Иако истрагата уште трае, првите показатели укажуваат дека човекот бил во паника поради нешто, па ја изгубил контролата над автомобилот.
За среќа во инцидентот немало повредени.
https://www.youtube.com/watch?v=zzD7tde4K_8