Еве го пред мене, ме прашува, а јас немо стојам. Одговори милион, но ниту збор.
Од каде да почнам? Зашто не би биле пак ние?
Зошто бевме ужасни, колку и да се сакавме, бевме ужасни.
Деструктивни, еден за друг, не мрднавме од една точка.
Што би било сега? Дојде кога веќе престанав да го сакам.
Да ја отфрлам сегашноста за што? Да бркам дух од минатото? Да трчам пак кон нешто што трчав милион и еднаш и секој пат разочарано, со подвиткан опаш се затварав во соба и тивко плачев, а некогаш и липтав. Зависи колкава беше раната, но да, рана секогаш имаше.
Се сакавме ние, тоа не е спорно. Деца бевме, ти дете остана. Бевме лудо горди, затоа не бевме среќни. Гордоста ја убива љубовта, не уби нас, не столчи. Ситна прашина, песок… нешто што го животот како ветрец го разлетува.
Тоа сме ние сега, некое купче од спомени. Сега е ’’јас и ти‘‘ , а ’’ние‘‘ сме секогаш некоја горчлива приказна. Не припраѓаме заедно, не барај од мене да почнеме од почеток, да оставиме се под нас, да се издигнеме над сето тоа.
Таа планина од спомени е горчлива, можам да се издигнам, но неможам да лебдам над неа. Дел од мене секогаш ќе ја допира, секогаш дел од мене ќе биде огорчен. Ти затру еден дел од срцето мое, делот што ти припаѓаше тебе..Оди сега, не барај ме, остави не во минатото каде припаѓаме.
Ја сум борец, борец за љубовта. Признавам, не сум ангел, најмногу се борам со сама себе. Но за тебе? За тебе се борев со секој атом во мене, до последна сила, се борев и кога веќе борбата беше завршена, изгубена. Ставив крај, а знаеш, на работите еднаш ставам точка, а на тебе од дамна ставив.